Во Скопје, исто така сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во следните денови според УХМР времето ќе биде претежно стабилно со слаб до умерен претежно јужен ветер, а повремено засилен долж Повардарието. Температурите најпрвин ќе бидат нешто пониски, потоа благо ќе се покачат кон следниот викенд. Во средината на работната седмица ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи.