Осудено 26-годишно лице денеска физички и со остар предмет нападнал дежурен полицаец во Затворот Идризово.
-На 23.12.2022 околу 09.00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека осуденото лице М.М.(26) од Тетово физички и со остар предмет нападнал затворски полицаец, кој бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.