Девет лица загинаа, а десетици се водат за исчезнати во бродска несреќа во Индискиот Океан, кај островот Панца, во јужна Танзанија.
До несреќата дошло кога бродот пловел од Пембе кон островот Панца, каде патниците требало да присуствуваат на погреб, јави Би-Би-Си.
Спасени се само шест патници и на нив веднаш им била укажана лекарска помош.
Командантот на регионалната полиција во Пемба, Ричард Тадеј Мчомву, изјави дека засега не е позната причината за несреќата и потврди дека на бродот имало околу 40 лица.
Спасувачките операции беа прекинати синоќа и продолжија денеска од раните утрински часови.