Во моментов, вредноста на биткоинот е околу 65.000 долари.
Пазарната капитализација на биткоинот надмина 1,2 трилиони долари.
На почетокот на април, њујоршката агенција Блумберг го објави своето месечно издание „Изгледи на криптовалутата“, кој се занимава со растот на побарувачката на биткоинот.
Во него се истакнува дека аналитичките модели покажуваат дека количината на биткоин на берзите се намалува, и покрај биковиот пазар, што е спротивен тренд во споредба со биковиот пазар од 2017 година.
Во извештајот се наведени проценките на Блумберг дека биткоинот следи пат сличен на оној од 2013 и 2017 година, а графиконите укажуваат на можна цена од дури 400 000 американски долари.