Имено, како што нагласи, сите членови на ОИК се должни да ги почитуваат начелата поврзани со обработка на личните податоци, бидејќи потпишаа изјава за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци.
– Најстрого е забрането изнесување при фотографирање, фотокопирање, електронска пошта, телефонски, на документација која содржи лични податоци на кандидатите, како и на целата документација на ОИК кои ги обработуваат овие податоци. За прекршување на одредбите од законските прописи, кои ја регулираат заштитата на лични податоци согласно кривичниот законик се предвидени и соодветни санкции. Затоа, ДИК почнувајќи од нас самите, од вработените во ДИК, од помошните тела ангажирани, како и до сите изборни органи, ОИК и избирачките одбори бара целосно професионално и одговорно однесување во работењето од сите изборни органи согласно важечките законски прописи, истакна Шеху.
Претседателот на ДИК Александар Даштевски исто така нагласи дека Општинските изборни комисии мора да внимаваат бидејќи, како што рече, покрај тоа што давањето лични податоци е забрането со посебен закон, казниво е и според Кривичниот законик и некои дејствија што ќе се преземат по тој повод ќе зависат од од органите на прогон.
Одговарајќи на новинарско прашање, Шеху посочи дека кадидатурите овој пат ги потврдуваат ОИК согласно Изборниот законик. Моментално, како што кажа, тие ја прегледуваат докумантацијата и чекаат уверенија од судовите.
На денешната седница ДИК го усвои барањето за добивање овластување за набљудувачи, односно за 34 лица. Како што посочи Даштевски, сите ги исполнуваат условите за набљудување.
Како што посочија на седницата, сите оние кои се заинтересирани за набљудување на изборите можат да достават документација најдоцна седум дена пред одржувањето на изборите.
Повикаа сите домашни, меѓународни, невладини организации, меѓународни мисии и други овластени институции кои ги исполуваат условите да аплицираат во ДИК за набљудување на локалните избори.