Општинските изборни комисии ќе ги објават конечните резултати од гласањето
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница официјално ги потврди имињата на новите градоначалници на четири општини по изборите одржани на 11 јануари. Нови градоначалници се: Ваљбон Лимани и Исен Шабани од Национална алијанса за интеграција за општините Гостивар и Врапчиште, Онер Јакуповски од коалиција „Твоја Македонија“ за Маврово Ростуше, како и Аријан Ибраим од Демократската партија на Турците за Центар Жупа.
– Комисијата ги задолжува општинските изборни комисии да постапат според Изборниот законик и веднаш да ги објават конечните резултати, изјави потпретседателот на ДИК, Абдуш Демири.
Изборачко место во Гостивар не работеше поради временски услови
Ангелчо Ристов од ДИК потенцираше дека на избирачкото место 0782 во Гостивар, гласањето не се спровело поради лошите временски услови.
– На ова место беа запишани само 23 лица со право на глас, што не влијае на конечниот резултат за кандидатите за градоначалник, појасни Ристов. ДИК мораше да донесе одлука за неспроведување на гласањето на ова место пред да објави конечни резултати.
