Започна финансиската поддршка за домашните компании – префрлени првите 10,4 милиони евра
Министерството за финансии денеска ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра од централниот Буџет кон Развојната банка, како дел од програмата за поддршка на домашните компании.
Средствата беа трансферирани откако Развојната банка поднесе барање за нивно повлекување, врз основа на претходно одобрени проекти од деловните банки.
250 милиони евра поддршка на приватниот сектор
Во државниот Буџет за 2025 година предвидени се вкупно 250 милиони евра за поддршка на приватниот сектор, со цел да се поттикне нов инвестициски циклус кој ќе придонесе за економски раст и развој.
„Очекуваме компаниите да ги искористат поволните услови што ги нудиме преку оваа кредитна линија, бидејќи тоа ќе биде значителен поттик за домашната економија, особено во услови на глобални економски предизвици“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот Фејсбук профил.
Таа истакна дека Министерството за финансии и Владата остануваат посветени на поддршката на бизнис секторот, обезбедувајќи поволни финансиски механизми за развој на економијата.
За оваа транша се огласи и минситерката Димитриеска – Кочоска.
Стопанскиот сектор задоволен од унгарскиот заем: Сите добиваат „свежи пари“
Стопанството и Владата се усогласија. „Бизнисот ќе земе пари за нови инвестиции, но сите добиваат, и државата и граѓаните“. Ваков е ставот на стопанството по договорот на дел од банките и Владата за унгарскиот кредит. „Свежи пари“ ќе завршат во инвестициски циклуси и веќе планирани проекти. Не се обврзани на одреден профит и нови работни места.
Компаниите да подготват добар бизнис-план, порачува премиерот Мицкоски.
Стопанството и Владата се усогласија околу условите за унгарскиот заем. Според премиерот Мицкоски постигнатиот договор е историски, а има и историски најниска каматна стапка. Свежи пари ќе завршат во инвестициски циклуси и веќе планирани проекти.