Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска, пред Комисијата за финансирање и буџет, рече дека само едно јавно претпријатие има сметка во Алта банка – Битола, но во многу мал износ, 100-ина илјади денари.

– Од сите акционерски друштва и јавни претпријатија со кои стапивме во контакт, само едно имаше сметка која е во многу мал износ, 100-ина илјади денари, ништо повеќе од тоа. Повеќето од јавните препријатија и акционерските друштва немаат сметка во Алта банка. Но, во периодот што следи треба да достават изештај од администраторот и ќе видиме понатаму дали има нешто поразлично од тоа што јас сум го добила како информација, истакна министерката на надзорната расправа.

Одговорајќи на прашања од пратениците, таа напомена и дека фондовите функционираат преку трезорот.