Лидерот на движењето ЗНАМ и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски жестоко се спротивстави на идејата на ВЛЕН за „Албанска академија на науките”. Според него науката ниту има политичка, ниту етничка припадност, туку генеза и континуитет.
Науката не смее да се политизира, ниту пак да се етнизира, таа има своја генеза и континуитет. Ваквите обиди и идеи се резултат на постизборен популизам, започнува Димитриевски.
Тој посочува дека во Македонија постои само МАНУ, а паралелни институции не се дозволени.
Во Македонија постои МАНУ како една и единствена Академија која им припаѓа на сите и никаков паралелизам не е дозволен. Партнерите во власта од ВРЕДИ е потребно да се свртат кон економски раст и развој на државата, подобар живот на сите граѓани на Македонија и суштинска заложба во сузбивање на криминалот и корупцијата, вклучувајќи ја и политичката корупција. За тоа е потребна и понуда на кадри со чисто минато, без криминал и опашки, заклучува Димитриевски.
Освен Димитриевски на ваквата идеја на ВЛЕН да се создаде албанската акаедмија на науките, се спротивстави и ВМРО-ДПМНЕ како најголема партија во оваа влада. Дури и од се спротиввстрави на оваа мерка нарекувајќи ја „Квази општинска „академија“ која ги срами интелектуалците и нацијата“. Останува ќе видиме кој ќе биде епилогот и дали ќе имаме паралелна академија.