Голманот на Рајо Ваљекано беше сигурен и одличен меѓу стативите во двата натпревари, па со своите интервенции во повеќе наврати ја спасуваше Македонија.
Пред дуелот со Холандија, најавува борба со позитивен резултат.
-Задоволен сум од тоа како одигравме во првите два натпревари. Сепак, не делеа делови од секундата да извлечеме некој добар резултат. Сега сме во Амстердам и тука сме да победиме. Би сакале да ги израдуваме луѓето во Македонија со победа или барем позитивен резултат смета Димитриевски.
Македонија попладнево од 18 часот го игра последниот наптревар на Европското првенство. Натпревар на кој ќе има многу емоции, бидејќи е последен за нашиот капитен Горан Пандев.