„Внатрешното владеење до таа мера ни отиде на погрешна страна што ние немаме безбедност да се возиме во автобус, бидејќи нема одговорност. Проструија некои информации во однос со случајот со „Беса Турс“ дали имал лиценца за меѓународен сообраќај, дали бил на технички преглед, каде бил на технички преглед. А, овие прегазувања на пешаци на пешачки премини, е затоа што нема доволно сообраќајна полиција, нема едноставно казнивост. Неказнивоста е присутна“, истакна Никола Димитров во „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.

Димитров посочи дека долгодишната партизација доведе до едно дереџе каде што системот се распаѓа пред очи. И тоа од сообраќај со работење во бизнис, до барање права и услуги од државата, до праќање на деца во училиште, до Фондот и податоци на Фондот.

„Ни треба еден поприлично крупен рестарт“, нагласи Димитров.

Тој додаде дека во реалноста бајаги власта ја оддалечува земјата од Европа, европските стандарди, и принципи.