Без многу филозофирање и релативизирање со Бугарија треба да прекинат сите разговори и преговори кои директно или индиректно ги опфаќаат или допираат
историјата, националната самобитност и идентитет и засебност на македонскиот јазик, смета Илија Димовски.
Сè што бара Бугарија да е предмет на цврст, јасен и прецизен реципроцитет и симетричност. Ова ако сакаме воопшто некогаш да станеме членки на ЕУ. П.С. Кога (со Преспа и договорот со Бугарија) се откажавте од Македонците во егејска и пиринска Македонија, мислевте дека нас ќе нè остават на мира? (Себично и лажно).
П.П.С. Кога (со Преспа) го бришевте и ретуширавте АСНОМ од македонскиот Устав, што мислевте, дека тоа ви го прават од намера за бесплатно здравство?, коментира тој.