Од час во час се менуваат состојбите во Алијанса за Албанците. Комплицираната ситуација и внатрепартискиот раскол каде во главните улоги се Арбен Таравари и Зијадин Села беше тема на коментари во вечерашното издание на „Само вистина“ со Илија Димовски и Газменд Ајдини.
Поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ потврдува дека овој конфликт не е „преку ноќ“ туку дека подолго време веќе трае.
Станува реално видливо дека поделбата во Алијанса е малку постара. Едниот дел сака коалиција со ДУИ, другиот со опозицијата. Втора работа е дека треба да видиме какви одлуки ќе донесе Собранието кое го свикува Таравари. Треба да видиме кои ќе бидат одлуките и на Собранието во сабота. Не навивам за никого, вели Димовски.
Димовски напоменува дека најблиските соработници на Зијадин Села сега се на страната на Арбен Таравари.
Печатот е небитен. Битно е да видиме што сака гласачкото тело. Најблиските соработници на Села од Струга кои беа основачи на Алијанса во оваа битка се со Таравари. Овде спаѓаат Сурија Рушити, Гариб Каба.
Во понатамошната дебата соговорниците дадоа детален осврт на ситацијата во албанскиот политички блок.
Поделбата на табори во Алијанса за Албанците која има 8 пратеници се отслика и на собраниската седница. Останува да видиме која ќе биде разврската на овој внатрепартиски раскол.