Директорот на грчката компанија за одржување патишта „Атики Одос“, Бил Халкијас денеска поднесе оставка откако неколку стотици возачи останаа блокирани на автопатот околу Атина за време на снежното невреме.

Во соопштението на компанијата се наведува дека последниот возач бил пуштен од возилото на автопатот. Халкијас е директор на „Атики-одос“ од 1999 година. „Како директор на целиот механизам чувствувам потреба да се подобри работата на компанијата и да си поднесам оставка од функцијата член на УО и директор“, потенцира Халкијас.

Управниот одбор на компанијата ја прифатил неговата оставка и го назначил Аристофан Пападиумитро да ја преземе функцијата привремен менаџер до изборот на нов директор.

Компанијата претходно најави дека ќе им плати отштета на возачите кои останаа блокирани во возилата за време на вчерашната снежна бура.