Демант на лагите на Дарко Димовски

Жалиме што првиот синдикалец, како што сака да се нарече г-дин Дарко Димовски во обид да го покрие сопственото нетрпение кон директорот на ЈП Водовод и Канализација Марјанчо Митовски, решил да безочно да лаже.

Вистината е дека Митовски не лежел затвор и не постои таква пресуда.

Она што навистина го фрустрира претседателот на ССМ е одземањето на привилегиите кои ги уживала неговата сопруга Лила Димовска која впрочем е вработена во ЈП Водовод и Канализација. Службено возило, службен телефон, платени отсуства од по шест месеци и уште толку неплатени отсуства и бројни други привилегии преку кои повеќе не можат да ги користат ниту да се богати семејството Димовски.

Парите кои досега ги добивале како плата, отсега ќе мора навистина да ги заработат, а скопјани не се должни да ги плаќаат нивинте хирови и незаслужени привилегии.

Затоа, овој демант може да се смета и официјалнно барање за извинување и повлекување на лагата која ја лиферувал Дарко Димовски од ССМ во наредните 48 часа, во спротивно, вистината ќе ја докажуваме пред надлежниот суд.

В.д. на ЈП Водовод и канализација – Скопје Митовски Марјанче