ОВЕН (21. III – 19. IV)
Денес ќе морате да бидете силни за вашите најмили. Веројатно ќе чувствувате обврска да донесете одлуки кои тие се плашат да ги донесат или да се соочите со проблеми кои ви ја нарушуваат хармонијата во домот. Ќе бидете борец за саканите.
Сите ќе сакаат да украдат делче од вашето време вечерва. Престанете да се фокусирате на обврските и уживајте во искуствата.
БИК (20. IV – 20. V)
Чашата е преполна? Денес ќе ви дојде преку глава од постојаното исполнување на туѓите желби и ќе се фокусирате на себе. Конечно ќе започнете да ги задоволувате вашите потреби кои постојано ги игнорирате.
Заменете го зборот „Ние“ со „Јас“. Започнете да бидете малку посебични кога е во прашање вашето слободно време. Имате право да се одморите.
БЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)
Ако во изминатиот период се плашевте да му ги покажете романтичните чувства на оној што ви се допаѓа, сега е идеалниот момент да го направите тоа. Планетите ќе ви подарат смелост во љубовта. Искористете ја и нема да жалите.
Веќе имате партнер? Зачинете го љубовниот живот со новитети. Експериментирајте во спалната соба и разгорувајте ја искрата.
РАК (21. VI – 22. VII)
Време е за носење на одлуки кои нема да бидат лесни, но мора да бидат направени. Ќе ви дојде преку глава да чекате да пристигне вистинскиот момент и ќе скокнете во акција. Нема повеќе тапкање во едно место, време е да предизвикате лавина од промени.
За време на вечерното излегување ќе воодушевите важна личност со вашите уникатни ставови. Можни се нови додворувачи.
ЛАВ (23. VII – 22. VIII)
Денес некој ќе се обиде да ви го привлечни вниманието за да ви пренесе важни информации кои можат да ви го променат животот. Без разлика што ќе слушнете, реагирајте смирено и зрело. Не заборавајте да ја проверите точноста на она што ќе го слушнете.
Одете онаму каде што сака најголемиот дел од вашето друштво. Не мора секогаш да бидете бунтовник.
ДЕВИЦА (23. VIII – 22. IX)
Ви претстојат конфронтации на фамилијарен план. Веројатно нема да ви се допаѓаат изборите кои ќе ги направи личност од вашето семејство или ќе сакате да контролирате нешто што не е во ваша контрола. Можеби е подобро да се повлечете и да им дозволите на саканите да прават грешки и да учат од нив.
Скапоцени совети ќе пристигнат од личност која е на исто интелектуално ниво со вас. Избирајте мудро кои од нив ќе ги следите.
ВАГА (23. IX – 22. X)
Денес ќе се потсетите на сите нешта што ги постигнавте во годината која изминува и ќе чувствувате огромна почит кон себе. Брановите доаѓаа и си одеа, но вие не дозволувавте тие да ве соборат. Напротив, само станавте посилни.
Стојте подалеку од токсичните личности и енергетски вампири. Ако некој ве истоштува со разговорите, можеби е подобро да се оддалечите од него.
ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)
Сè тече, сè се менува, па така и вие. Денес ќе се погледнете во огледалото и ќе сфатите колку многу сте созреале без да сте свесни за тоа. Начинот на размислување ќе ви биде сосема поразличен од минатата година.
Ако сте во потрага по нова љубов, ќе ја пронајдете и ќе ја фасцинирате со вашиот брилијантен ум. Шкорпиите кои се во врска ќе решат важно прашање поврзано со нивната иднина.
СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)
Ви тежат нозете? Денес ќе имате ниска енергија и ќе бидете поспани. Веројатно ќе ви треба силно кафе за да го започнете денот, но откако вашето тело ќе се раздвижи, ќе бидете незапирливи. Во утринските часови, преферирајте ги креативните, смирени активности.
Следете ја вашата интуиција вечерва. Таа ќе ви покаже кои се вашите вистински пријатели, а кои не ги во покажуваат вистинското лице.
ЈАРЕЦ (22. XII – 19. I)
Дали доволно силно верувате во себе? Денес некој ќе се обиде да ви ја расклати самодовербата за да земе нешто што е ваше. Не верувајте во сè што ќе ви кажат луѓето додека не проверите со свои очи.
Ноќта ќе биде како создадена за романтичните души. Имајте вечера на свеќи, пуштете си тивки балади, запалете ароматизирана свеќа… И уживајте.
ВОДОЛИЈА (20. I – 18. II)
Скапите и убави нешта денес ќе ви го привлекуваат погледот како магнет. Парите лесно ќе го напуштаат вашиот паричник ако нешто ви се допадне, па можеби е подобро да ја оставите кредитната картичка дома. Научете да ги контролирате вашите импулси.
Излезете вечерва и одете на место кое ќе ви понуди визуелно искуство. Гледајте филм на кино, уживајте во уметничка изложба или одете во најубаво украсениот ресторан.
РИБИ (19. II – 20. III)
Зборувајте! Иако најчесто сте повлечена личност, денес ќе имате што да кажете. Желни за решавање на проблемите кои постојано ги игнорирате, ќе излезете од вашата комфорна зона и ќе се соочите со вашите стравови.
Не ги споделувајте идеите пред личности на кои не можете да им се доверите. Не им давајте на луѓето оружје со коешто можат да ве победат.