Од ОИК информираа дека на гласање излегле 7.652 граѓани, односно 40,15 отсто од евидентираните гласачи.

Според бројките што ги соопштија од ОИК, блиску до гевгелиската излезнот се и општините Богданци и Валандово. Во општина Богданци до 15 часот на гласање излегле 2.505 граѓани или 37,87 отсто, а во Валандово излезноста во процент изнесува 38,6 отсто, односно гласале 3.854 од запишаните 9.992 избирачи.

Во општина Дојран е највисок процентот на излезност од 46,75 отсто, но на избирачкиот список има најмалку гласачи чиј број изнесува 2.678.