Пријави за експлозивни направи испратени до МВР
Денеска на електронската адреса на Министерството за внатрешни работи пристигнале дојави за наводно поставени експлозивни направи во трговските центри „Ист гејт“ и „Дајмонд“ во Скопје.
По добивањето на пораката, веднаш се преземени безбедносни мерки и започнати се проверки на терен.
„На електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговските центри ‘East gate’ и ‘Diamond’ во Скопје се поставени експлозивни направи. Полициски службеници преземаат мерки и вршат проверки во трговските центри“, велат од МВР за „Скопје1“.
Полициски екипи на терен
Од МВР информираат дека полициски екипи се на лице место и вршат детални контроли во објектите.
Проверки се спроведуваат во двата трговски центри, додека институциите ги преземаат сите мерки за утврдување на веродостојноста на дојавите.
