Лекарите препорачуваат вакцинираните лица да побараат медицинска помош доколку по примената вакцина добијат симптоми како што се недостиг на здив, болка во градите, отекување на нозете и постојана болка во абдоменот.

Покрај тоа, сите лица кои развиваат невролошки симптоми по вакцинирањето, вклучително и силни или постојани главоболки и заматен вид, како и оние кои неколку дена по инјектирањето развиваат модринки или црвенкасти дамки (петехии) далеку од местото на примената вакцината, мора веднаш да побараат медицинска помош.