Со убодите од комарци доаѓа и чешање на кожата кое може да трае со денови. Од чешањето може да се ослободите и на природен начин, со работи кои веќе ги имате по дома.

Коцки лед

Коцките лед може да го намалат воспалението. Решението е краткотрајно, но функционира. Важно е да не го оставите ледот директно на кожата каде е убодот подолго од пет минути, бидејќи истата може да се оштети. Употребете крпа за да го ставите мразот.

Мед

Медот често се користи како состојка меѓу домашните лекови бидејќи има различни антибактериски својства, како и смирувачки дејства. Мала капка мед може да го намали воспалението со што ќе се намали и чешањето.

Алое вера

Се покажа дека гелот од алое вера има антивоспалителни својства и може да помогне во зараснување на рани и смирување инфекции.

Сода бикарбона

Скоро во секоја кујна има сода бикарбона, а може да послужи како олеснување на чешањето од убодот од комарци. Потребно е да измешате 1 лажичка сода бикарбона со исто толку вода и со пастата да нанесете на местото. Оставете да отстои 10 минути пред да измиете со вода.