Кошаркарот на Далас Лука Дончиќ стана шестиот играч во историјата на НБА кој забележал четири трипл-дабл со 40+ поени.

Во кариерата, легендарниот Оскар Робертсон имаше 22 вакви трипл-дабл. Џејмс Харден постигна 16, Расел Вестбрук 13, Вилт Чембрлен 7, Леброн Џејмс 6.

Дончиќ ноќта сабота кон недела во победата од 117:112 против Портланд го забележа третиот трипл-дабл оваа сезона со 42 поени, 13 скока и 10 асистенции.

Далас со биланс седум победи и пет порази се наоѓа на 6. место во поредокот на Западната конференција на НБА-лигата.