Најдобриот фудбалер на репрезентацијата на Аргентина, Лионел Меси ги сподели своите размислувања во пресрет на Светското првенство во Катар.

– Имаме големи соништа, но исто така сме реални и свесни дека и мора да разбереме дека ова е Светско првенство, се е многу тешко овде. Секој детал може да не исфрли од игра“, ги цитира „Marca“ зборовите на аргентинскиот фудбалер.

За Меси ова ќе биде петто светско првенство – играше на Мундијалите во 2006, 2010, 2014 и 2018 година.

На Светското првенство во 2022 година, кое ќе се одржи во Катар од 20 ноември до 18 декември, репрезентацијата на Аргентина ќе игра во групата Ц со селекциите на Саудиска Арабија, Мексико и Полска.