Градоначалникот на Студеничани и официјално премина од редовите на ДПА во Алијанса за Албанците.
Овој „трансфер“ го најави генералниот секретар на Алијанса, Арбен Таравари. Тој во статус на Фејсбук сподели фотографии на кои е заедно со Садики и Села.
Инаку, Студеничани беше единствената општина предводена од ДПА, по преминувањето на Садики во Алијанса, Демократската партија на Албанците и официјално остана без ниту една општина.