Ивица М., обвинет за сексуално злоставување девојче, денеска избегал од зградата на Основниот суд во Бања Лука и при бегството повредил судска полицајка.
Директорот на правосудната полиција на РС ја потврди оваа информација и додаде дека потрагата по бегалецот е во тек, потврдија за порталот Српскаинфо.
„На терен се и судски полицајци и полицајци на МУП на Република Српска. Потрагата по бегалецот е во тек“, изјави Драгојевиќ.
Српскаинфо дознава дека во моментот на бегството, обвинетиот останал сам во собата со судската полицајка, дошло до туркање, по што успеал да се ослободи и да побегне низ прозорецот.