Драма во автобусите на јавното сообраќајно претпријатие. 44 годишен скопјанец кој работи како контролор во автобусите на ЈСП Скопје бил претепан од лице кое немало билет да се вози во автобусот.
Контролор во автобус на ЈСП физички нападнат во Центар
На 12.01.2025 година, во 19:20 часот, во Секторот за внатрешни работи Скопје, лицето С.А. (44) од Скопје пријавил дека во 19:02 часот, додека бил на своето работно место како контролор во автобус на ЈСП Скопје, во подрачјето на Центар, бил физички нападнат од едно машко лице кое немало билет.
Се огасија од МВР
Од министерството за внатрешни работи известија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.