На 19.03.2021 во 15.00 часот во Полициската станица Кичево било пријавено едно лице откако оштетило дел од апаратите во казино на бул.„Ослободување“ во Кичево, му се слошило и паднало во бессознание.

-Лицето било пренесено во Комплексот клини „Мајка тереза“ во Скопје, а по преземени мерки било утврдено дека се работи за В.Џ.(48) од Република Албанија, кој претходно испил поголема количина алкохол и таблети, информира МВР.

Извршен бил увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.