Украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот објави дека неговата влада ги отпушта шефовите на сите регионални воени центри за регрутирање во Украина, што е драматичен потег за сузбивање на корупцијата во системот што доаѓа бидејќи очајно се потребни нови војници за да ги заменат загинатите и ранетите во борбите.
„Овој систем треба да го водат луѓе кои точно знаат што е војна и зошто цинизмот и поткупот за време на војна се предавство. Наместо тоа, овој систем за регрутирање може да ѝм верува на војниците кои го поминале фронтот или кои не можат да бидат во рововите затоа што се болни или изгубиле екстремитети, но го зачувале своето достоинство“, рече претседателот.
Зеленски рече дека борбата против корупцијата е приоритет и овие потези доаѓаат во време на напорите да се решат прашањата поврзани со регрутирањето на војската.
Претходно оваа недела, Државното истражно биро на Украина објави дека отворило 112 случаи против владини претставници.
Бирото го приведе раководителот на Територијалниот центар за регрутирање и социјална поддршка во Киев, кого тој не го именуваше, обвинувајќи го дека е вклучен во изработка на фиктивни документи во кои се тврди дека на мажи неспособни за служба ѝм било дозволено да ја напуштат земјата, поткупот бил 10.000 долари по човек, пишува Њујорк тајмс.
Бирото го приведе и шефот на еден од одделенијата за воена администрација во Киев, исто така неименуван во јавноста, обвинувајќи го дека вадел документи за три лица.
Мажите на возраст меѓу 18 и 60 години не смеат да ја напуштат земјата од почетокот на инвазијата на Украина, а граничарите рекоа дека поединци секојдневно се апсат затоа што се обидуваат да го сторат тоа.