Шефот на Меѓународната агенција за енергија, Фатих Бирол, предупреди дека Европа има околу шест недели резерви на гориво за авиони.
Во интервју за Асошиејтед Прес објавено денес, извршниот директор на ИЕА, Фатих Бирол, предупреди дека откажувањата на летови би можеле да започнат „наскоро“ ако снабдувањето со нафта остане блокирано поради војната со Иран.
Бирол рече дека Европа има „можеби шест недели (гориво за авиони“ откако ефикасното затворање на Ормутскиот теснец доведе до „најголемата енергетска криза со која некогаш сме се соочиле“.
Тој изјави за АП дека последиците би биле повисоки цени на бензинот, повисоки цени на гасот, повисоки цени на електричната енергија, додавајќи дека некои делови од светот ќе бидат попогодени од другите.
„Првата линија се азиските земји“ кои зависат од енергијата од Блискиот Исток, рече тој, именувајќи ги Јапонија, Кореја, Индија, Кина, Пакистан и Бангладеш, додавајќи: „Потоа ќе дојде до Европа и Америка“.
„Можам да ви кажам дека наскоро ќе слушнеме вести дека некои летови од градот А до градот Б може да бидат откажани поради недостаток на гориво за авиони“, рече Бирол.
САД моментално ги блокираат иранските пристаништа, додека Техеран постави мини на овој клучен воден пат за да го ограничи сообраќајот низ теснецот. Вчера, директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, предупреди дека прекините од конфликтот на Блискиот Исток ќе продолжат дури и по завршувањето на војната, објаснувајќи:
„Мораме да признаеме дека прекините нема да исчезнат преку ноќ, дури и ако војната заврши утре. Зошто? Бидејќи танкерот е бавно движечки брод. Ќе му требаат 40 дена за да стигне до Фиџи“, рече таа.
