– Како што пишува на таблата: канцеларија на премиер на Северна Македонија. Замислете, канцеларија на Зоран Заев во Струмица за, после 20 години власт и моќ, да ги праша струмичани за проблемите. После 16 години локална и втор мандат државна власт на СДСМ во Струмица очигледно е дека на претстојните локални избори СДСМ ќе излезе со програмата од претходни избори, рече Дрвошанов.
Тој посочи дека актуелниот градоначалник Јаневски не сработил ни мал дел од ветената програма, а неговиот ментор премиерот не му помогна. Не се реализира клучниот проект нов транзитен пат околу Струмица. Не ги направија тие ветени 6 километри пат. Не го подобрија булеварот Климент Охридски. Дрвошанов додаде дека го нема ниту булеварот од Свети Илијскиот Порој покрај касарната и Софилар, а не се реши ниту горливиот проблем на граѓаните од населбата Софилар.
– Загаденоста за малку ќе се решаваше со некакви зелени ѕидови, но не само што нема зелени површини туку не ја гасифицираа општа болница која важи за загадувач. Пред неколку денови по којзнае кој пат ветија дека на есен ќе биде. Инаку Струмица е еден од најзагадените градови. Струмичани дишат екстремно загаден воздух. А, локалната власт не презема никакви мерки. За овие локални избори ќе се вети подобар живот во Турското маало, ќе се вети повторно: паркот, манифестации, улици, игралишта, ама за жал – нив ги нема. Инаку, слоганот на градоначалникот беше „Живот за сите”, појасни претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица.
Дрвошанов рече дека делот од програмата за млади не е реализиран ниту со домот за ученици и студенти, ни кино па дури ни младински културен центар.
Тој смета дека струмичани имаат мака и со постојниот културен центар.
– СДСМ во Струмица е долго време на власт и ги заборавија сограѓаните. Во Струмица да се биде власт значи само бизнис, евро, поткуп, плантажи за марихуана, партиски вработувања и богатење на поединци блиски на власта, рече Дрвошанов.