Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, изнесува 116.4.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27.5 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (27.1 %) и Градежништво (21.8 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Градежништво (9.7 %), Уметност, забава и рекреација (9.0 %) и Рударство и вадење на камен (8.6 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2023 година, изнесува 39 998 денари.