Државна ревизија утврдила низа неправилности во врска со набавката на стоки и услуги за потребите на пописот.
Ревизорите утврдиле дека е набавена софтверската апликација за самопопишување без надомест, без притоа да се уреди дали станува збор за донација или спонзорство.
Потоа во постапките за јавни набавки, изјавите за непостоење на судир на интереси се потпишани само од оние членови во комисиите за јавни набавки кои учествувале во постапката. Склучени биле анекси на договорот за набавка на лаптопи, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, со кои се менуваат условите и роковите за реализација на договорот.
Дополнително била спроведена постапка за медиумска кампања со преговарање без објавување на оглас, и без претходно обезбедување на позитивно мислење од страна на Бирото за јавни набавки.
Ревизорите утврдиле дека биле набавени средства за заштита од Ковид-19 без спроведување на постапка за јавна набавка.