Министерството за здравство почнува координирани активности за јакнење на услугите на здравствените установи за откажување од тутунот. Министерството во соработка со Светската здравствена организација и со Институтот за јавно здравје, Центрите за јавно здравје, локалната самоуправа, здравствените домови низ земјава ќе преземе чекори за поголема достапност на советувалишта за откажување од пушењето. Фокус е ставен на младата популација, а Министерството за оваа цел ја ажурираше и листата на лекови за одвикнување од пушењето.

– Почнуваме координирани активности за зајакнување на услугите за откажување од пушење на локално ниво. Целта на овие активности е поголема достапност на советувалиштата што ги имаме на локално ниво, се со цел откажување од пушење, зајакнување на системот за упатување како и континуирана поддршка на овие лица со посебен фокус на младата популација во нашата држава. Сакам да потсетам за уште една значајна новина која ја воведуваме а тоа е дека министерството за здравство ја ажурираше есенцијалната листа на лекови и во неа првпат се ставени лекови за одвикнување од пушењето и контрацептивните средства а тоа се трандермалните фластери и никотинските гуми за џвакање – рече министерот за здравство, Азир Алиу на денешната прес-конференција.

Целта е да се зголеми достапноста на лековите, да бидат препознаени од јавноста, фармацевтските компании, а матичните лекари да ги препишуваат.

– Паралелно, работиме на системско зајакнување на овој сегмент преку новиот предлог-закон за заштита од употреба на производите од тутун или сродни производи, со што со законското решение кое е усогласено со европските норми, тие регулативи, исто така овозможуваме долгорочно унапредување на заштитата на јавното здравје во нашата земја од овој аспект. Продолжуваме со нашите партнери СЗО, Институтот за јавно здравје со заеднички заложби за подигнување на јавната свест за откажување од пушењето и заштита на здравјето во нашата држава – рече Алиу.

Д-р Аким Али од Светската здравствена организација (СЗО) порача дека откажувањето од тутун спасува живот. Тој се осврна на младата популација во Македонија, но и во Европа кои коирстат нетрадиционални производи кои предизивикуваат зависност, посочувајќи дека тутунската индустрија еврлуирала, ги „максира“ проииводите за да им се доближи на младите.

– Предизвикот овде е што овие производи се особено привлечни за младите. Зад светлите бои, елегантното пакување и слатките вкусови лежи јасна намера да се нормализира употребата на никотин и да се создаде доживотна зависност кај младите. Ова не е прифатливо. Забранувањето на вкусовите спасува животи, бидејќи младите луѓе се намерно таргетирани. Важно е активностите за јавно здравје за намалување на зависноста од никотин да развиваат вкусови како што се нане, боровинка, лубеница, не се безопасни. Тие се специјално дизајнирани да ја маскираат суровоста на никотинот и да ги олеснат производите за употреба, особено за младите – рече Али.

На прес-конференцијата, претставникот од СЗО, кажа дека 14 од 100 млади луѓе во земјава користат тутун, а 9 проценти од нив користат е-цигари, посочувајќи дека од последното истражување 2016-та, употребата на е-цигари двојно е зголемена. И во Европа, младите се „најтешки пушачи“ и имаат ризик покрај нетрадиционалните да почнат да користат и традиционални производи од тутун. Али нагласи дека СЗО и партнерите, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, ќе преземат активности, бидејќи како што нагласи цената е превисока, земјава губи луѓе и дел од БДП за лекување на болести предизвикани од користење на тутун и повика да се забранат никотински производи со вкусови и да се спасат животи.

Директорката на Институтот за јавно здравје, д-р Марија Андоновска на прес конференцијата кажа дека тутунот е водечки фактор за појава на незаразни заболувања и ја нагласи неопходната од подигање на свеста кај наслението за последиците по здравјето. Фактот што половина од возрасните граѓани се активни пушачи е сигнал за како што рече, одлучно преземање на меки за заштита на населението.

– Според резултатите на Институтот за јавно здравје од истражувањето во 2023 година во соработка со СЗО, ИЈЗ, Министерството за здравство, дури 45,4 проценти, од возрасната популација се изјасниле како активни пушачи. Исто така истражувањето коешто го правевме во сите училишта на деца на возраст до 16 години покажува висок процент. Процентот е значително над европскиот, над регионот на СЗО која изнесува 25 проценти. Дополнително загрижува и фактот што пушењето кај нас во голема мера се смета за општествено прифатлива појава, а само 17 проценти од граѓаните во Македонија изразуваат одобрување кон пушењето – рече Андоновска.

Употребата на тутун е поврзана со бројни заболувања, кардиоваскуларните, хронично-белодробните заболувања, мозочниот удар, малигни заболувања промени во бременоста… Никотинот создава силна зависност, рече директорката, поради што многу луѓе тешко успеваат да се откажат од пушењето. Таа истакна дека загрижува фактот што се повеќе млади лица започнуваат со употреба на никотински производи уште во рана возраст, со што ризикот за долгорочни здравствени последици. Воедно, додаде Андоновска се зголемува товарот, и врз целиот здравствен систем, бидејќи огромен дел од ресурсите се насочуваат кон лекување заболувања кои можат да се превенираат. Таа сподели информации од анализите на СЗО за Македонија каде што според проценките, употребата на тутун ја оптоварува државата со трошоци за околу 38 милијарди денари на годишно ниво. Посочи дека секој еден денар вложен во превенција носи 19 денари поврат преку избегнати здравствени трошоци. Ваквите инвестиции имаат потенцијал да ја намалат смртноста на годишно ново, како и да ја намалат економската загуба и затоа превенцијата е најважна.

– Институтот во овој период ги зголеми своите активности во однос на превентивните едукации во училиштата на темава и во иднина ќе продолжиме да работиме на подигнување на јавната свест, следење на состојбите и поддршката на сите политики насочени кон намалување на употребата на тутун, заедно со Министерството за здравство СЗО, сите релевантни институции и медиумите. Нашата цел е јасна, поздрава иднина за сегашните и за идните генерации-рече Андонова.

Светскиот ден без тутун, годинава се одбележува под мотото, „Разоткривање на привлечноста, спротивставување на зависноста од никотин и од тутун“.