Традиционален празничен ручек по повод именденот на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието Африм Гаши присуствуваа на традиционален празничен ручек што го приреди Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, по повод неговиот именден.
„На покана на Архиепископот Охридски и Македонски, г.г Стефан, присуствував на празничниот ручек што традиционално го приредува по повод неговиот именден, денот на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан“, објави Сиљановска-Давкова.
Претседателката истакна дека му посакала добро здравје, духовна сила и долг век во служењето:
„Во мир, со мудрост и човекољубие, водејќи ја Црквата по патот на слогата, дијалогот и духовното издигнување на народот“, додаде таа.
Сиљановска-Давкова посочи дека сите сме должни да ги негуваме вредностите што нè поттикнуваат да бидеме хумани, одговорни едни кон други и сплотени околу заедничкото добро и иднината на татковината.
