За време на оваа средба, претседателот Ахмети направи резиме на минатата година во однос на актуелните политички случувања во земјата и регионот.

Победата на Демократската Унија за Интеграција на локалните избори несомнено ќе ја следи уште поголема грижа за животната средина, редовно одржување на патната инфраструктура, регулирана водоводна и канализациона мрежа, модерна спортско-рекреативна инфраструктура, добро реновирани, одржувани и нови училишта.

На состанокот на Генералниот совет на ДУИ, по предлог на претседателот на ДУИ Али Ахмети, членовите на Генералниот совет едногласно, беше избрана листата на кандидати за градоначалници на изборите на 17 октомври.

Листа на кандидати:

Ејуп Абази – Студеничане

Суат Шаќири – Чашка

Хекуран Дука – Дебар

Еркан Арифи – Липково

Неби Реџепи – Врапчиште

Рамиз Мерко – Струга

Фатмир Изаири – Желино

Бесник Емшиу – Боговиње

Нухи Незири – Теарце

Али Јаоски – Пласница

Аркин Јахии – Брвеница

Блерим Беџети – Сарај

Висар Ганиу – Чаир

Фатмир Дехари – Кичево

Невзат Бејта – Гостивар

Теута Арифи – Тетово

Ридван Ибрахими – Арачиново

Кандидатот за општина Долнени ќе го одреди наредните денови г. Али Ахмети.

Додека се утврди и носителот за листата на советници на град Скопје, Ардијан Муча.