ДУИ очајно се обидува да избега од реформи и политичка одговорност, па конструира вештачка криза за да го одложи својот неминовен пораз. Според коалицијата ВЛЕН, партијата на Али Ахмети веќе подолг период спроведува стратегија за дестабилизација, која треба да кулминира со бојкот на локалните избори.

Во нивното утринско соопштение, ВЛЕН посочува дека ДУИ намерно поттикнува наратив за наводна „деалбанизација“, со цел да создаде лажен впечаток дека Албанците се истиснати од државните институции. Според нив, овој потег има за цел да ја оправда потенцијалната политичка саботажа што Ахмети ја подготвува.

Ахмети не сака избори, туку алиби за бегство од пораз

ВЛЕН обвинува дека барањето за предвремени парламентарни избори од страна на Ахмети не е искрена иницијатива, туку тактичка игра со која се обидува да оправда зошто би ги бојкотирал локалните избори.

„ДУИ е свесна дека ги губи локалните избори со катастрофален резултат. Нивните анкети им го покажуваат ова црно на бело. Ахмети знае дека поразот ќе отвори лавина незадоволство внатре во партијата и ќе го доведе во прашање неговото лидерство. Наместо достоинствено да се соочи со народот, тој посегнува по најслабиот можен потег – бегање од избори“, велат од ВЛЕН.

Во нивната анализа, ВЛЕН тврди дека ДУИ претходно се обидела да „тргува“ со власта – барајќи да биде вклучена во владината коалиција наместо ВРЕДИ, нудејќи „пазарење“ со четири министерски позиции. Покрај тоа, наводно била предложена размена на позиции во Кичево или Струга во корист на ВМРО-ДПМНЕ.

„Откако оваа шема не му помина, Ахмети реши да оди во офанзива – да ја глуми жртва, да ја драматизира ситуацијата и да се заканува со политички хаос“, додаваат од ВЛЕН.

ДУИ пред внатрешна експлозија – како да се избегне распадот?

Според политичките аналитичари, ДУИ е во состојба на внатрешна паника. Партијата која долги години беше најмоќната албанска политичка сила во земјата, сега се соочува со реалноста дека нејзиниот монопол е разнишан.

Загубата на локалните избори би значела сериозен удар врз структурата на партијата, а внатрепартиските фракции би можеле да побараат смена на Ахмети. Наместо да преземе одговорност, тој бара излезна стратегија – со надеж дека со бојкот ќе може да ја одложи неизбежната пресметка.

Бојкот на локалните избори како последен обид за манипулација – но граѓаните гледаат сè

Од ВЛЕН порачуваат дека овој маневар на ДУИ нема да помине незабележано и дека граѓаните ќе дадат соодветен одговор.

„Ова е очајнички обид на ДУИ да ја манипулира јавноста. Албанскиот народ нема да падне на оваа евтина игра. Времето на лаги, шеми и политички циркуси завршува. Доаѓа времето на вистински промени“, стои во соопштението.

Политичката судбина на Ахмети – неизбежен крај на една ера?

Тактиката за бојкот не успеа на претседателските, нема да успее ниту на локалните, Поразот ќе биде доволен за ја уништи  или реформиа партијата ДУИ Дали следи историски пораз и повлекување на Ахмети? Времето ќе покаже, но едно е сигурно – политичкиот пазар веќе не функционира како порано.

Извор: Локално