На овие места попладнево избувнале пожари, а во гасењето се вклучени пожарникари, месно население и припадници на Шумското стопанство.
Како што соопштија денеска на прес-конференција директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов и неговите соработници, засега не може да се каже точната бројка на пожарите во земјава, зашто се менува од минута во минута. Се дејствува со сите расположливи сили и ресурси, но временските услови ја усложнуваат ситуацијата и го отежнуваат пристапот.\
Само во Кумановско за неполн час се пријавени нови седум пожари. Причина за ваквата алармантна состојба се високите температури и силниот ветер. Во Скопје, пак, се активни 18 пожари од кои три се најкритични, во Кучково кон Горно Свиларе, меѓу Добри Дол и Ракотинци во Сопиште, како и во Горно Блаце.
На терен моментно се околу 300 војници од Армијата. Дејствуваат три хеликоптери од Србија, а вкупно се четири на располагање, три за гасење и еден за извидување. Од Бугарија се дојдени 25 пожарникари со 11 возила, од Словенија 40 пожарникари со 16 возила и од Австрија се очекуваат 120 пожарникари со 40 возила. Австриската извидница е веќе кај Пехчево, Берово, Делчево, во пијанечкиот регион, каде бугарските служби дејствуваат. Се бара поддршка и со воздухоплови, но секаде има пожари.
Сопиште побарало 50 војници за гасење на пожарот, а Куманово 80. Таму за неполн час избувнале седум пожари.
Ангелов апелира да не се шири паника. Рече дека се прави максумум и ги повика граѓаните да бидат екстремно внимателни зашто, како што нагласи, доволна е мала искра од електричен уред или отпушок од цигара за да избувне пожар. Според него, постојат одредени сомнежи дека се работи за намерни палења. Тој уште еднаш се осврна на информациите во врска со хеликоптерите. Објасни дека српските се помали и може помалку да летаат зашто собираат малку гориво, а вториот проблем е ветерот. Во моментов, информира, хеликоптерот на македонската Армија дејствува во Кумановско, а српските не можеле да полетаат зашто се лесни. Силниот ветер ја загрозува нивната безбедност.
Горан Стојановски од ЦУК истакна дека за 20 до 30 минути, со едно јавување, се обезбедува помош по барање на Противпожарна единица или општина. Но, се дејствува по приоритети при што клучни се човечките животи и објектите, а нивите и нискостеблестите шуми се во втор план.
-Отсега определуваме приоритети. Очекуваме дополнително засилување на ветерот и отежнувачки околности во справувањето со пожарите, но не губиме надеж, остануваме на терен со сите расположливи сили. Можеме дополнително да обезбедиме уште 500 војници. Материјалните ресурси се максимално ангажирани, истакна Стојановски.
Според Марија Милкова од ЦУК, најкритични се Делчевско – Пехчевскиот регион, Кумановско и Прилепско каде има 18 пожари.
-Во Делчевско – пехчевскиот регион се зафатени неколку маала, а интервенираа и четири хеликопетри, 200 војници од Армијата, како и проивпожарни бригади, ресурси од јавни претпријатија и помош од Бугарија. Во Бајас Тепе пожарот се уште е активен, загризени се селата Робово, Умлино и Чифлик. Патниот правец е затворен и таму се распределни силите од Словенија, како и во атарот на селата Црник и Негрево кои се исто така загорзени. Состојбата се менува брзо, избувнуваат нови пожари, алармантна е состојбата и во Кумановско. На осум нови локации денеска има пожари – во Зубовце, Сопот, Лојане, Нагоричане, Орашаци, Забрњак,… Загрозени се куѓи и придружни објекти, а на терен се, покрај поажрникари и 80 војници од Армијата. Алармантно е и во Прилепско каде има 18 пожари. Во гасењето се вклучени локалното население, локалната самоуправа и пожарните, информира Марија Милкова од ЦУК.