Најмногу активни пожари има во Прилеп, Кавадарци, Берово, Василево и Македонски Брод – дел од нив беснеат во густи шуми и недостапни терени
До 18 часот денеска, во земјава се регистрирани вкупно дваесет пожари на отворен простор. Според податоците на Центарот за управување со кризи (ЦУК), од нив десет се активни, пет се ставени под контрола, а пет се изгаснати.
Активни пожари има во следниве општини:
Во Василево, Радовиш, Берово – село Нивичино, на планината Голем Готен, како и во Малешевските Планини. Се гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација.
Во Прилеп, кај селото Бешиште – местото Бешишки Рид, со крак кон село Градешница (во Општина Новаци) и кон граничната линија со Грција. Горливата маса е мешана шума, но не се интервенира поради опасност од детонации.
Во Општина Прилеп и Кавадарци: помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил, Дрен (Прилеп) и селата Галиште, Трстеник (Кавадарци). Теренот е покриен со мешана шума и ниска вегетација.
Во Општина Македонски Брод, активен е пожарот кај селото Црешево, Локвица, и Крапа. Таму гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација.
Во Општина Желино, пожарот е помеѓу селата Церово и Групчин. Зафатена е нискостеблеста и деградирана шума.
Во Општина Крива Паланка, активен е пожарот кај село Нерав, каде што гори висока борова шума.
Во Општина Македонска Каменица, гори кај село Ќосевица, каде има борова шума.
Во Општина Илинден, пожарот е помеѓу селата Мршевци и Бучинци, каде што гори стрниште.
Во Општина Чашка, активен е пожарот кај село Ореше, со букова шума и ниска вегетација.
Во Општина Ресен, гори кај село Долно Перово, каде се зафатени евлови дрва, врби, треска и сува трева.