Вчера попладнето во 14 часот на ул. Калузлиска во Радовиш, патничко моторно возило „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(20) од Радовиш удрило во малолетен пешак од Радовиш, по што возачот со возилото напуштил лице место, но бил пронајден од полициски службеници.

Пешакот е пренесен во Здравствен дом Радовиш каде од лекар му се констатирани тешки телесни повреди.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Радовиш, информира МВР.