Почина Крешник Ајдини, долгогодишен новинар и граѓански активист, соопшти Здружението на новинари на Македонија.

Ајдини во својата богата кариера, исто така работеше на преводи на голем број важни дела од албански на македонски јазик и обратно, со што даде огромен придонес кон запознавање на двете култури.

Колегата Крешник Ајдини почина вчера на 16 јуни на 55 годишна возраст.

ЗНМ изразува длабоко сочувство до семејството на колегата Ајдини.