Едниот од нив е со потешки повреди, односно скршеница на која во моментов работат медицински лица, додека вториот ученик е со полесни повреди, информираат од Министерството за надворешни работи. Од таму велат дека нашите преставништва стапиле во контакт со деветте наши државјани кои се наоѓаат во погодениот регион. Се работи за осум ученици и нивен наставник, кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваат во Турција.

„ Ниту еден од учениците и Менторот не е во животна опасност. Досега нема информација за други наши државјани кои се наоѓаат во загрозена состојба, или на кои им е потребна асистенција, но нашите претставништва остануваат континуирана комуникација како со надлежните институции на Турција, така и со наши граѓани кои се информираат и кои информираат за состојбите на терен.“ – велат од МНР.

Од таму инфорираат дека дипломат од Амбасадата во Анкара е веќе упатен во погодениот регион за да помогне во евакуацијата на учениците од градот Кахраман Мараш.

Дипломатско-конзуларните претставништва на земјава, велат од МНР, се на 24-часовно располагање за наши државјани за сите евентуални прашања и објавија телефонски броеви за контакт од Амбасадата во Анкара, Конзулатот во Истанбул и СОС-телефонот во Скопје

По ужасната вест за силниот земјотрес пораки со сочувство до Турција испратија претседателот на државата Стево Пендаровски и Владата, од каде најавија дека се подготвени да понудат помош со цел да се помонгне во напорите со справување со последиците од оваа страшна катастрофа и спасување на колку може повеќе човечки животи, а доколку е потребно ќе се вклучи и Армијата.

„ Сакам уште еднаш да испратам сочувство до сите погодени и да објавам дека македонската Влада и ние како држава нема да останеме само на зборови, туку ќе пружиме конкретна помош. Годинава треба да одбележиме шест децении од катастрофалниот скопскиот змејитрес и многу добро знаеме како е кога некои народи и држави се наоѓаат во слична ситација. Нашите мисли се со турскиот народ и турските граѓани, пред се со оние што ги изгубија своите најблиски. “, изјави Стево Пендаровски – Претседател на Македонија.

Барање на следната седница да се одлучи за испраќање на хуманитарна помош за Турција најавија и од Град Скопје. Додека, од Црвениот крст отворија сметки за донација за настраданите во Туриција и Сирија

Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош и по 100 денари преку телефонскиот број 143 400 на Македонски Телеком и А1.

– Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија.