Како што соопштија денеска од МВР, во текот на вчерашниот ден, пријавените прибавиле платежни картички и лични карти на Н.Н. и В.Н. од Струмица, по што извршиле нелегални трансакции со платежна картичка во сопственост на Н.Н. на повеќе продажни места во Струмица.
На овој начин, се стекнале со противправна имотна корист во висина од 90.000 денари.