Од полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, синоќа во 22:50 часот биле откриени две лица, Т.Х.(23) и Т.Х.(20), двајцата од Скопје, кои при гранична контрола на излез од државата приложиле фалсификувани ПЦР тестови, за кои во службен разговор признале дека ги направиле сами, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Kако што посочуваат од МВР, од страна на полициски службеници ПЦР тестовите биле одземени, а на пријавените не им бил дозволен излез од државата.
По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени кривични пријави согласно член 378 и член 206 од Кривичниот законик.