Најмалку две лица загинаа во експлозија и голем пожар во хемиска фабрика во североисточна Кина, пренесе ДПА. Други 12 лица се исчезнати по експлозијата и пожарот во хемиската фабрика во Панџин, провинцијата Лиаонинг, јави денеска кинеската телевизија Феникс ТВ. Во несреќата што се случила вчера, биле повредени 34 лица, од кои четири потешко.
