50-годишна жена и 37-годишен маж, двајцата државјани на Тајван, се пронајдени починати во стан во Кисела Вода. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека лекар од судска медицина констатирал смрт без видливи траги на насилство, а телата се дадени на обдукција.

Случајот бил пријавен денеска околу 13:50 часот во СВР Скопје. Според информациите од полицијата, Н.М. ги пронашла својата мајка, Ч.Т.Ј. (50), и сопругот на нејзината мајка, Ш.Л.Ф. (37).

Двајцата претходно биле пријавени како исчезнати. Н.М. на 02.09.2026 во 00:49 часот во полиција пријавила дека исчезнале нејзината мајка и нејзиниот сопруг.

– Денеска околу 13:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во стан во централното подрачје на Скопје, од страна на Н.М. пронајдени се починати нејзината мајка Ч.Т.Ј.(50) и сопругот на нејзината мајка Ш.Л.Ф. (37), двајцата од Тајван, а кои на 02.09.2026 во 00:49 часот биле пријавени за исчезнати од страна на Н.М. – информира МВР.

На местото на настанот била упатена екипа на СВР Скопје. Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.