„Со оглед дека сите три скандинавски земји се отворени за патување и ги укинаа епидемиолошките ограничувања, повеќе не гледаме потреба да бараме носење маски на сите домашни летови, како и летови меѓу Данска, Шведска и Норвешка”, рече портпаролката на САС, Фреја Анамац за шведското радио.
И компанијата Норвежен на својата веб – страница објави дека повеќе нема да бара носење маски на овие летови поради намалениот ризик од инфекција.
Двата превозника нагласија дека за сите нивни летови надвор од Скандинавија, поради меѓународните регулативи, сепак, ќе биде задолжително носење маски. Во изминатиот месец, сите три скандинавски земји ги укинаа сите епидемиолошки мерки, вклучително и обврската за носење маски во различни ситуации, додека во Шведска во ниту еден момент од пандемијата немаше таква обврска.