На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт се измените и дополнувањата на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта и на Законот за Бирото за развој на образованието, двата во прво читање.
Пред членовите на Комисијата за европски прашања се измените и дополнувањата на Законот за инвестициски фондови во прво читање и измените и дополнувањата на Законот за квалитетот на амбиентниот воздух, во второ читање.