Нема траг од сторителите на убиствата во Топанско Поле, каде во автомобил беа застрелани 28 – годишниот Африм Бериша и 24 – годишниот Бурим Вардар. Иако во овој случај е прегледан видео – надзорот, засега има информации за лица и за возила, а се повикале на информативен разговор очевидци и лица кои може да се поврзани со случајот.
Полицијата сè уште не кажува дали има осомничени лица за двојното убиство на бензинската пумпа во Топанско Поле. Полицијата и натаму работи на откривање на мотивите за вооружениот напад кој пред три недели се случи во населбата Бутел каде беше убиен 43 – годишниот Камбер Идризи, а неговиот 24 – годишен внук се здоби со тешки повреди и почина во болница.
-Се работи на расчистување на случаите, велт од МВР.
Според извори од МВР, на убиството во Бутел се работат на неколку траги. Најверодостојна е онаа поврзана со вооружениот судир пред две години, кога вооружена група отвори оган кон лица кои седеа во фоајето на еден познат хотел во Скопје, пренесуваат од Алсат.