Украинските власти потврдија дека две лица загинаа, а шест се тешко повредени откако ракета погоди зграда во Киев, слика која го обиколи светот.

Станбена зграда во близина на друг аеродром во Киев рано утринава била погодена од проектил или ракета, а сликите од местото на настанот покажуваат голем удар на горните катови на облакодери, објавија светските медиуми. Русите тврдат дека тие не ја погодиле зградата, туку дека била крената во воздух со проектил за противвоздушна одбрана.

Надворешните ѕидови на неколку ката беа целосно кренати во воздух, а сликата на Твитер ја објави Дмитро Кулеба, министер за надворешни работи на Украина.