Тој истакна дека е против одложување на пописот, и смета дека истиот треба да се спроведе според првично предвидениот рок.

– Јас сум против одложување на пописот. Ние сме имале избори сред пандемија. Пописот е индивидуален акт, попишувачот оди кај семејството и согласно протоколите прави регистрација, односно попис. Ова е мое мислење и сметам дека нема потреба да се одложи. Сепак, ќе има процедура за ова и ќе видиме како ќе помине. Повикувам на почитување на Закон и на Устав, не е важно дали јас сакам или не, рече Џафери во „Клик Плус“ на ТВ21.