Се очекува тој и претставниците на парламентарните партии да разговараат кога ќе продолжат заостанатите седници на кои има точки на дневен ред кои беа одблокирани по средбата лидерската средба меѓу лидерите на најголемите политички партии во државата.
Меѓу нив се и законите за петиот пакет антикризни мерки што денеска помина на собраниската Комисија за финансирање и буџет.
Средбата на Џафери со координаторите ќе се одржи во 14:30 часот, а по завршување на Координативната средба од неговиот Кабинет најавуваат соопштение.